Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре.

Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак.

Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница.

На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екипи на штипски јавни претпријатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и пробиваат патишта бидејќи станува збор за тежок непристапен терен.

На теренот надлетува и еден од „ер тракторите“.

Текстот Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре е превземен од А1он.