Долгоочекуваното отворање на меѓународниот мост „Горди Хау“, кој ги поврзува САД и Канада, повторно е одложено, соопшти канадската организација задолжена за неговата изградба.Свеченото отворање на мостот, именуван по легендарниот канадски хокејаш Горди Хау, требаше да се одржи утре, но Канада и САД се договориле да го одложат настанот за да се решат преостанатите отворени прашања.„Канада и САД се согласија да го одложат отворањето на мостот за да се обезбеди доволно време за надминување на сите преостанати предизвици“, изјави Чак Андари од Управата за мостот Виндзор-Детроит.Проектот, кој ги поврзува канадската провинција Онтарио и американската сојузна држава Мичиген, започна во 2018 година, но повеќе од една деценија беше предмет на политички и деловни несогласувања од двете страни на границата. Изградбата претходно беше забавена и поради пандемијата на ковид-19.Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека не станува збор за голема криза и дека сите вклучени страни работат на тоа мостот да биде пуштен во употреба што е можно поскоро.Сепак, градоначалникот на Виндзор, Дру Дилкенс, изјави дека не добил официјално објаснување за новото одложување, но смета дека зад одлуката стои американскиот претседател Доналд Трамп.„Мостот е целосно изграден и подготвен за отворање. Единствениот логичен заклучок е дека Доналд Трамп не сакаше да биде отворен во овој момент“, изјави Дилкенс.Дополнителни контроверзии предизвика и долгогодишното противење на семејството Морун, сопственици на приватниот мост „Амбасадор“, кои тврдеа дека новата инфраструктура ќе го загрози нивниот бизнис со наплата на патарини.Мостот „Горди Хау“, чија вредност се проценува на 6,4 милијарди канадски долари, се смета за клучна економска врска меѓу двете земји и проект што треба да отвори нови работни места и да ја олесни трговската размена меѓу Канада и САД.Новото одложување доаѓа во период на засилени тензии меѓу двете соседни држави, по трговските спорови и контроверзните изјави на Трамп, вклучително и неговата сугестија дека Канада би можела да стане „51-та сојузна држава“ на САД.Повторно одложено отворањето на новиот мост меѓу САД и Канада
Долгоочекуваното отворање на меѓународниот мост „Горди Хау“, кој ги поврзува САД и Канада, повторно е одложено, соопшти канадската организација задолжена за неговата изградба.Свеченото отворање на мостот, именуван по легендарниот канадски хокејаш Горди Хау, требаше да се одржи утре, но Канада и САД се договориле да го одложат настанот за да се решат преостанатите отворени прашања.„Канада и САД се согласија да го одложат отворањето на мостот за да се обезбеди доволно време за надминување на сите...
Долгоочекуваното отворање на меѓународниот мост „Горди Хау“, кој ги поврзува САД и Канада, повторно е одложено, соопшти канадската организација задолжена за неговата изградба.Свеченото отворање на мостот, именуван по легендарниот канадски хокејаш Горди Хау, требаше да се одржи утре, но Канада и САД се договориле да го одложат настанот за да се решат преостанатите отворени прашања.„Канада и САД се согласија да го одложат отворањето на мостот за да се обезбеди доволно време за надминување на сите преостанати предизвици“, изјави Чак Андари од Управата за мостот Виндзор-Детроит.Проектот, кој ги поврзува канадската провинција Онтарио и американската сојузна држава Мичиген, започна во 2018 година, но повеќе од една деценија беше предмет на политички и деловни несогласувања од двете страни на границата. Изградбата претходно беше забавена и поради пандемијата на ковид-19.Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека не станува збор за голема криза и дека сите вклучени страни работат на тоа мостот да биде пуштен во употреба што е можно поскоро.Сепак, градоначалникот на Виндзор, Дру Дилкенс, изјави дека не добил официјално објаснување за новото одложување, но смета дека зад одлуката стои американскиот претседател Доналд Трамп.„Мостот е целосно изграден и подготвен за отворање. Единствениот логичен заклучок е дека Доналд Трамп не сакаше да биде отворен во овој момент“, изјави Дилкенс.Дополнителни контроверзии предизвика и долгогодишното противење на семејството Морун, сопственици на приватниот мост „Амбасадор“, кои тврдеа дека новата инфраструктура ќе го загрози нивниот бизнис со наплата на патарини.Мостот „Горди Хау“, чија вредност се проценува на 6,4 милијарди канадски долари, се смета за клучна економска врска меѓу двете земји и проект што треба да отвори нови работни места и да ја олесни трговската размена меѓу Канада и САД.Новото одложување доаѓа во период на засилени тензии меѓу двете соседни држави, по трговските спорови и контроверзните изјави на Трамп, вклучително и неговата сугестија дека Канада би можела да стане „51-та сојузна држава“ на САД.