Украински беспилотни летала, според украински и руски извори објавени од медиуми, извршиле нови напади врз цели во јужна Русија и на окупираниот Крим. Според информациите, погодени биле две трафостаници кај Јалта и Масандра, по што во повеќе делови на Крим дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија. Напади се пријавени и во Краснодар и Невиномиск, каде, според извештаите, биле погодени логистички центри на компанијата „Вајлдберис“, позната како „рускиот Амазон“, по што избувнале големи пожари.

„Киев Индепендент“ наведува дека не можел независно да ги потврди овие информации. Според украинската страна, нападите се дел од стратегијата за уништување на руската воена и логистичка инфраструктура длабоко зад линијата на фронтот.

Украинските сили претходните денови соопштија дека погодиле и складишта за нафта, енергетски објекти на Крим и бродови од таканаречената руска „флота во сенка“. Руските власти засега не објавија целосна официјална проценка за штетите од последните напади. Борбените дејствија меѓу двете страни продолжуваат со засилени воздушни удари врз воена и енергетска инфраструктура.

The post Повторно гори руски „Амазон“, нови украински напади врз Крим appeared first on Скопско ЕХО.