Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин за оружје во Ѓаковица, соопшти косовската полиција.

Според полициското соопштение, започната е истрага за случај кој е квалификуван како „тешка кражба“.

Кражбата била пријавена во полиција во петокот попладне, а случајот го пријавиле двајца мажи, се наведува во полицискиот извештај.

Според нивната пријава, непознати лица однеле повеќе од 100 парчиња огнено оружје од магацинот.

Засега не е познато кој е сопственик на магацинот, ниту пак за каков вид огнено оружје станува збор.

Полицијата случајот го квалификуваше како тешка кражба и наведе дека истрагата е во тек.

Текстот Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица е превземен од А1он.