
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје.
На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да ги избегнат поплавените делови.
Поплавувањето на аеродромот доаѓа во време кога невремето предизвика бројни проблеми низ Скопје – паднати дрвја, откорнати покриви, оштетени возила, прекини во снабдувањето со електрична енергија и отежнат сообраќај на повеќе локации.
Засега нема официјални информации дали поплавата предизвикала прекин или доцнење на авионскиот сообраќај, ниту дали има материјална штета во терминалот.
The post 📽️ ПОТОП И НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Поројниот дожд продре во терминалот, патниците газеа низ вода appeared first on plusinfo.mk.