Од денеска до 23 јули 2026 година, во официјална посета на Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму.
Поради посетата, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воспостави посебен режим на сообраќај по улиците и сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мерките се преземаат со цел непречено и безбедно одвивање на активностите поврзани со официјалната посета.
СВР Скопје упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да покажат разбирање за евентуалните привремени ограничувања.
The post Посета на индиската претседателка во Скопје, воведен посебен режим на сообраќај appeared first on Прва Скопска ТВ.