Минатата година во Македонија биле регистрирани 2.185 разводи, што е за осум проценти повеќе во споредба со претходната година.

Во истиот период биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година.

Според статистиката, на секои 100 склучени бракови имало речиси 21 развод.

Експертите оценуваат дека причините за разводите се различни и се движат од економски проблеми до нарушени меѓучовечки односи.

Податоците укажуваат на продолжување на трендот на намалување на бројот на нови бракови и раст на разводите.

The post Поразителен тренд: Расте бројот на разводи, се намалува бројот на бракови во Македонија appeared first on Прва Скопска ТВ.