Општина Ново Село упати апел до жителите на Ново Село, Самоилово, Сушица и Зубово рационално и совесно да ја користат водата поради недостигот на електрична енергија.
Граѓаните се повикуваат да избегнуваат непотребно трошење и водата да ја користат исклучиво за основните потреби, сè до нормализирање на состојбата.
Од Општината им се заблагодаруваат на жителите за разбирањето и одговорното однесување.
The post Поради недостиг на струја, апел за рационално користење на водата во четири населени места appeared first on Radio StrumicaNet.