Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија следната година да добие уште попозитивна оценка од Европската комисија, посочувајќи дека дел од реформите спроведени по завршувањето на годинашниот извештаен период не биле опфатени во оценувањето.Мицкоски рече дека евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил оти земјата бележи значителен напредок во однос на минатата година. Според премиерот, извештајниот период завршил на 31 август, а потоа биле спроведени дополнителни реформи, особено во борбата про