Радио Телевизија Србија синоќа добила дојава за поставена бомба, поради што програмата беше прекината, вработените беа евакуирани од зградите на јавните служби во Белград, јавија српски медиуми.

Информацијата стигна до контакт центарот на РТС во 18:42 часот, по што веднаш беше наредена евакуација, пишува Телеграф.рс.

Единиците за борба против субверзија на Министерството за внатрешни работи на Србија ги проверувила објектите на РТС, зградата на Радио Белград и локации во Кошутњак. По деталните контрадиверзантски проверки на објектите, надлежните утврдиле дека нема опасност, па програмата продолжила со емитување.

The post ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕКИНАТА ПРОГРАМАТА НА РТС Сите вработени биле евакуирани appeared first on plusinfo.mk.