Поради дефект на водоводна цевка, денеска е прекинато водоснабдувањето на дел од улиците „Крушевска Република“ и „Браќа Минкови“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Без вода се корисниците на улицата „Крушевска Република“, на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Киро Абрашев“, како и на улицата „Браќа Минкови“, од улицата „Киро Абрашев“ до улицата „Младинска“.

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:00 часот.

За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 13-110.

The post Поради дефект прекинато водоснабдувањето на две улици во градот Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.