
Многу нутриционисти тврдат дека наутот е далеку подобар избор од месото. Наутот е помалку калоричен, има речиси иста количина протеини како месото, не е штетен и не содржи опасни материи во својот состав, а има и многу повеќе железо.
Ова е многу важна храна за вегетаријанците, па затоа се користи многу често. Рецептите со наут се бројни и се присутни во медитеранските земји, Северна Африка, Индија, Турција и многу други земји. Неговите здравствени придобивки се повеќекратни, па да почнеме со нив.
Една чаша наут ви обезбедува и 50% од дневната потреба на вашето тело за калиум, 2% за витамин А, 13% за витамин Ц, 69% за железо, 55% за витамин Б6 и 57% за магнезиум. Покрај тоа, наутот содржи и витамин К, фолат, фосфор, цинк, бакар, манган, холин и селен.
Наутот е еден од најдобрите извори на протеини, растителни влакна, витамин Б6, железо и магнезиум и е богат со есенцијални аминокиселини кои организмот не е во состојба сам да ги создаде.
Повеќе за лековитите својства на наутот прочитајте ТУКА.
The post ПОМАЛКУ КАЛОРИЧЕН ОД МЕСОТО, НО СО ИСТА КОЛИЧИНА ПРОТЕИНИ Наутот го намалува притисокот, ги штити срцето и коските, го регулира варењето… appeared first on plusinfo.mk.