Речиси половина од Американците веруваат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да биде уапсен под обвинение за воени злосторства додека е во Соединетите Држави, според анкета објавена денес.

Според резултатите од анкетата спроведена од „The Economist“ и „YouGov“, 49 проценти од испитаниците веруваат дека Нетанјаху треба да биде приведен врз основа на потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) под обвинение за воени злосторства поврзани со израелските воени акции против палестинското милитантно движење Хамас во Појасот Газа.

Во исто време, 27 проценти од испитаниците веруваат дека Нетанјаху не треба да биде уапсен, додека 23 проценти рекле дека не се сигурни.

Меѓу поддржувачите на Демократската партија, 68 проценти од испитаниците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху, додека 24 проценти од републиканците и 55 проценти од независните го поддржуваат истиот став. Слични резултати беа забележани кога испитаниците беа прашани дали веруваат дека Нетанјаху е виновен за воени злосторства.

Соединетите Држави не се членка на МКС, а администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли постапките на судот против Израел и воведе санкции врз службениците во Хаг вклучени во случајот.

Текстот Половина од Американците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху е превземен од А1он.