Полициски службеници од СВР Скопје привеле шест лица во различни делови на градот, откако кај нив биле пронајдени и одземени материи за кои постои сомнение дека се наркотични.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 25 и 26 јули 2026 година во Скопје биле лишени од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од скопското село Морани.

При извршените проверки кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана.

Истиот период, на 26 јули во 01:45 часот во селото Камењане, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.И. (21) и О.М. (18), двајцата од Тетово.

Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, по што биле задржани во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Полицијата приведе осум лица во Скопје и Тетово, пронајдени прашкасти материи и марихуана appeared first on Прва Скопска ТВ.