Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп во руралните делови на САД бележи значителен пад, покажуваат резултатите од најновата анкета на Reuters/Ipsos, при што растот на цените на горивата и храната се посочува како една од главните причини за незадоволството.Според анкетата спроведена од 3 до 8 јуни, поддршката за Трамп меѓу руралното население во јуни падна на 50 проценти, што е најниско ниво откако повторно стапи на функцијата. Во февруари годинава тој уживаше поддршка од 60 проценти од оваа група гласачи.Истовремено, неодобрувањето на неговите политики во руралните средини порасна од 34 на 48 проценти. Истражувањето беше спроведено меѓу 4.531 возрасен Американец низ целата земја.Особено загрижувачки за републиканците е фактот што токму руралните гласачи беа меѓу најсилните поддржувачи на Трамп во изминатите изборни циклуси. Анализите на Истражувачкиот центар „Пју“ покажуваат дека на изборите во 2024 година Трамп освоил дури 40 процентни поени повеќе од демократските кандидати кај руралните избирачи.Анкетата открива дека незадоволството најмногу се однесува на справувањето со растечките трошоци за живот и економските прашања. Само 31 процент од руралните испитаници го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со овие предизвици, додека 61 процент има негативен став.Reuters ја издвојува и приказната на Брајан Раух од Монтана, ветеран од американското воено воздухопловство и долгогодишен поддржувач на Трамп, кој гласал за него на последните три претседателски избори. Сепак, поради растот на цените на горивата и храната, како и несогласувањето со американско-израелската воена интервенција против Иран, тој сè повеќе ја преиспитува својата поддршка.Општиот рејтинг на Трамп, според Reuters/Ipsos, изнесува 35 проценти и е близу до најниското ниво во неговата политичка кариера. Истовремено, голем дел од Американците стравуваат дека конфликтот со Иран дополнително ќе ги зголеми цените на енергенсите и секојдневните животни трошоци.Падот на поддршката кај руралните гласачи би можел да има сериозни последици за Републиканската партија пред конгресните избори во ноември, кога таа ќе ги брани своите тесни мнозинства во Конгресот.