Општина Струмица информира дека од денеска започнуваат подготвителните активности за поставување втор слој асфалт на левата страна од булеварот „Маршал Тито“.

Градежните активности ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со улицата „Ѓорѓи Василев“ до крстосницата со „Димитар Цветинов“. Втор слој асфалт ќе биде поставен и на улицата „Брегалница“.

Од Општината апелираат до граѓаните кои живеат во овие делови од градот да покажат трпеливост и разбирање и да не ги паркираат своите возила на делниците каде што ќе се работи.

Сопствениците на веќе паркираните возила се повикуваат навреме да ги отстранат, за градежните активности да се одвиваат непречено.

The post Почнуваат подготовки за нов асфалт на булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Брегалница“ appeared first on Radio StrumicaNet.