Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник и член на Владата на Република Македонија.

Ибраимовски со децении беше активен во политичкиот и општествениот живот во Македонија, особено во борбата за правата и поголема застапеност на ромската заедница.

Ибраимовски беше основач и долгогодишен претседател на ПЦЕР, политичка партија преку која ги застапуваше интересите на Ромите и учествуваше во политичките процеси во земјава.

Во текот на својата кариера беше пратеник во Собранието, а во Владата ја извршуваше и функцијата министер без ресор.