Дедо Анесио, кого многумина го нарекуваа најстариот инфлуенсер во светот, почина во саботата наутро на 88-годишна возраст.Според објавата на социјалните мрежи, тој доживеал кардиореспираторен застој во петокот, по што лекарите не успеале да го стабилизираат.Тажната вест ја соопшти неговиот внук Кајо Фиори, со кого заедно ја водеше популарната Инстаграм страница.„Денес се простувам од мојот Дедо Анесио со скршено срце, но и со мир во душата“, напиша Фиори.Во емотивната порака тој истакна дека неговиот дедо во последните години повторно ја пронашол радоста во животот, почнал да пее, да се шегува и да ги споделува своите приказни со милиони луѓе ширум светот.„Ја исполни својата мисија. Допре до илјадници срца, учеше за простување, семејство, грижа, нови почетоци и вера“, напиша неговиот внук.Дедо Анесио стана интернет-сензација благодарение на видеата со својот внук, во кои со многу хумор, искреност и животна мудрост ги освојуваше корисниците на социјалните мрежи.Нивниот профил на Инстаграм броеше повеќе од шест милиони следбеници, а видеата редовно стануваа вирални низ целиот свет.Обожавателите го паметат по неговиот шарм, духовитите разговори со внукот и препознатливата тврдоглавост која често беше повод за насмевки кај милиони луѓе.