Македонската културна и театарска сцена остана без еден од своите најпрепознатливи актери, Гоце Тодоровски. Со децении тој ја освојуваше публиката со својот автентичен хумор, препознатлива актерска игра и бројни улоги на телевизија, радио и театар.
Најголема популарност стекна со настапите во серијалот „Македонски народни приказни“, кој остави длабока трага кај повеќе генерации гледачи. Тодоровски беше долгогодишен член на Драмскиот театар во Скопје, каде одигра десетици значајни улоги и даде голем придонес во македонската драмска уметност.
Неговото заминување претставува голема загуба за македонската култура, а неговото богато творештво ќе остане трајно сведоштво за неговиот талент. Искрено сочувство до неговото семејство, колегите и сите почитувачи на неговиот лик и дело.
The post Почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски appeared first on Прва Скопска ТВ.