
Оливера Катарина, една од најзначајните и најавтентичните уметници од поранешна Југославија, почина на 87-годишна возраст, оставајќи зад себе неизбришлива трага во филмот, музиката и литературната уметноста.
Тажната вест за смртта на легендарната дива ја потврдила нејзиното семејство, со напомена дека информациите за комеморацијата и датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна, објавува „Телеграф“.
Оливера Катарина стана симбол на југословенската култура и убавина, а светска слава стекна со улогата на фаталната кафеанска пејачка во култниот филм „Собирачи на пердуви“ од Александар Саша Петровиќ. Филмот, кој ја освои наградата на жирито на Филмски фестивал во Кан и беше номиниран за Оскар, ја вивна Оливера во самиот врв на светската кинематографија.
Нејзината харизма беше толку силна што ја шармираше и меѓународната публика. Таа настапуваше во најпрестижните концертни сали низ целиот свет, вклучувајќи ја и познатата париска „Олимпија“, каде што одржа серија концерти кои се паметат и денес.
Покрај глумата, Оливера беше препознаена по својот уникатен, длабок и емотивен глас. Нејзините интерпретации на оригинални народни песни и романси остануваат ненадминати до ден-денес. Својот разновиден талент го потврди и во литературата, објавувајќи неколку книги во кои ги запиша своите животни и уметнички спомени.
Кариерата на Оливера Катарина траеше повеќе од шест децении. Генерации љубители на уметноста ќе ја паметат не само како голема уметница, туку и како последна голема дива која го спои гламурот на светските црвени теписи со автентичниот дух на нашето поднебје.
Како разноврсна уметница, актерка и пејачка, за време на богатата кариера што траеше со децении, таа остави длабок и неизбришлив белег на домашната и меѓународната сцена.
Нејзината уметничка кариера траеше повеќе од шест децении, а публиката ќе ја памети како една од најавтентичните и најхаризматичните диви на домашната културна сцена.
Иако важеше за една од најубавите жени во поранешна Југославија, животот на Оливера Катарина не беше секогаш гламурозен. Зад рефлекторите се бореше со финансиски тешкотии, а познатата уметница беше принудена да продава лични работи за да преживее.
Малкумина знаат со какви проблеми се соочила пејачката и актерка во текот на својата кариера. Во времето кога западнала во голема финансиска криза, Оливера наводно живеела во изнајмен стан во Белград. Ситуацијата била толку тешка што морала да го продаде мебелот за да ги подмири насобраните сметки и да ги врати долговите.
Нејзината уметничка кариера траела повеќе од шест децении, а публиката ќе ја памети како една од најавтентичните и најхаризматичните диви на домашната културна сцена.