
Во Скопје, по кратко боледување, почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во периодот 1990–1992 година.
Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството.
Во текот на кариерата извршувал и високи општествени функции, меѓу кои член на Сојузниот извршен совет и министер за сообраќај и врски во поранешна Југославија.
Комеморацијата ќе се одржи на 11 јуни во Машинскиот факултет во Скопје.
The post ПОЧИНА АКАДЕМИКОТ ДРАГИ ДАНЕВ Беше прв ректор на УКИМ во самостојна Македонија appeared first on plusinfo.mk.