Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако во бессознание било донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, на момчето му се слошило додека било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, по што паднало во бессознание. Лекарите се обиделе да го спасат, но по кратко време била констатирана смрт. Лекар констатирал дека нема видливи траги на насилство врз телото.

По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

The post Почина 16-годишно момче од Кондово, ќе се утврдува причината за смртта appeared first on Скопско ЕХО.