Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милиони евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, определена му е мерка на претпазливост со одземање на патната исправа.
Сејдини од 24 април годинава беше во притвор. Тој е осомничен за кривично дело „Проневера во службата“ и според Обвинителството, тој во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од речиси 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист.
The post Почетник зад воланот возел двојно побрзо од дозволеното, полицијата го уапси appeared first on Скопско ЕХО.