
Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села им честиташе на граѓаните од албанска националност од Општина Брвеница за победата на кандидатот на коалицијата НАИ на локалните избори, ценејќи го и придонесот на дијаспората.
Села ја опиша оваа победа како одлична вест и рече дека треба да послужи како поттик за идните политички ангажмани, вклучително и, како што вели, враќањето на Кичево и победата во Бутел.
„Честитки до сите Албанци во Општина Брвеница за денешната победа што беше постигната со голема решителност, труд и посветеност. Бескрајна благодарност до дијаспората што уште еднаш ја покажа својата сила и патриотизам.
Победата во Брвеница е голема добра вест, што треба да доведе до подеднакво важна задача што нè очекува сите нас, за враќањето на Кичево и победата во Бутел. Честитки од срце!“, напиша Села на социјалните мрежи.