Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во СВР Струмица ја презентираше хронологијата на постапувањето на полицијата во случајот со трагичната смрт на 17-годишната Билјана и нејзиното 21-годишно момче во Богданци. Тој истакна дека МВР соодветно реагирало на пријавата и дека по случајот било постапувано институционално.Според Јанев, пред настаните од 30 септември 2026 година, во полициските евиденции немало претходни пријави ниту за Билјана ниту за момчето, вклучително