Силното невреме што доцна попладнето го зафати Струмичкиот регион предизвика дефекти на електродистрибутивната мрежа и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места.
Според информациите од ЕВН, без електрична енергија се селата Бајково, Петралинци, Сарај, Чанаклија, Гечерлија, Дрвош и Хамзали. Дополнително, граѓани не информираат за прекин на електричната енергија и во нивните села: Иловица, Штука, Дражево, Смолари, Старо Коњарево, Нова Маала, Дабиље, Босилово…
Екипите на ЕВН – КЕЦ Струмица се на терен и работат на отстранување на дефектите и повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија. Засега нема информација кога целосно ќе биде нормализирана состојбата.
The post По невремето без струја повеќе села во Струмичкиот регион – екипите на ЕВН на терен appeared first on Radio StrumicaNet.