Италија се подготвува повторно да ја воведе нуклеарната енергија, речиси четири децении откако по катастрофата во Чернобил ги затвори своите нуклеарни електрани. Владата на премиерката Џорџа Мелони смета дека овој чекор ќе ја зајакне енергетската безбедност на земјата и ќе помогне во исполнувањето на климатските цели.Следната недела италијанскиот парламент треба да го усвои законскиот пакет што ќе овозможи развој на новата генерација нуклеарни технологии. Потоа Владата ќе има рок од една година