
По болното раскинување, Бела Хадид повторно е вљубена? Манекенката пронајде утеха покрај „локалниот заводник“, но овојпат никаде не брза
По една од најтурбулентните љубовни приказни во последните години, супермоделот Бела Хадид наводно повторно пронашла причина за насмевка. Светските медиуми пишуваат дека 28-годишната манекенка минува сè повеќе време со Нејтан Лејси, човек кој нема никаква врска со гламурозниот свет на модата и славата.
