По 24 години од формирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кабинетот на лидерот на партијата, Али Ахмети, за првпат е поставено државното знаме на Македонија. Знамето беше забележано за време на неговата средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Ахмети во изјава за „Тетова сот“ објасни дека поставувањето на државното знаме е резултат на препораки добиени од странски амбасадори со кои се среќавал, нагласувајќи дека никогаш не бил против истакнувањето на државните симболи.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава. Тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјата, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено државното знаме на Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети.

Тој посочи дека државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека државните симболи треба да се почитуваат, додавајќи дека поставувањето на знамето никогаш не му претставувало проблем.

The post По 24 години знамето на Македонија првпат во кабинетот на Али Ахмети appeared first on Прва Скопска ТВ.