
Безбедносните служби затаиле во превенцијата во случајот со измамата со инвестициски фондови, смета професорот Владимир Пивоваров и поранешен шеф на воено разузнавање. Во меѓународна истрага на Европол и Евроџаст во која беа запленети 100 серври и уапсени седум лица се осомничени и кол-центри во Македонија. Истрагата се однсеува на мрежа која преку лажни платформи за тргување со криптовалути, девизи и акции измамила луѓе за над 4 милиони евра.
-Вакви меѓународни измами се општо распростаранети низ целиот свет. Но, безбедносните служби имаат посебни оддели кои се занимаваат со овој вид на криминал , така наречен компјутерски криминал. Ова спаѓа во таа сфера на компјутерски или електронски криминал. Во ваква ситуација најдобро е превентивно да се делува, кога ќе добијат службите сознанија од лицата кои веќе се измамени, така што се прави анализа и врз основа на таа анализа се постапува, изјави за „Локално“, проф. Пивоваров.
Тој појаснува дека во Македонија веќе имаше и други слични вакви извесувања од Министерството за внатршни работи.
-Имавме еден голем број на измами со измислени сообраќајни незгоди и тука се постапува по добиена информација. Суштината на секоја служба, а тоа го предвидува и Законот за внтрешни работи во Член 3 е да се превенира открива и докажува. Превенирањето е оној дел каде закажале безбедносните служби, а тие тоа може да го прават врз основа на следење на ваквите сомнителни фондови. Безбедносните служби имаат можност да ги следат и веднаш да реагираат за да не дојде до поголема измама, како што се случаи сега во конкретниот случај, вели Пивоваров.
За тоа дали и колку затаиле македонските безбедносни служби, соговорникот вели дека во електрониката нема тајни и дека се што ќе излезе како нов модус на можни измами во електронските комуникации, службите се токму тие кои треба да го следат тој тренд.
-Токму службите треба да ги следат новите електронски достигнувања во технологијата и со тоа имаат можност да ги разбијат тие шифри и заштитни можности што ги имаат тие мрежи. Тука има две ситуации – односот на жртввата, односно жртвата и нејзината алчност вложува пари без да е сигурен, без да си направи своја анализа на ризик и да си каже дека ова е невозможно . Тоа кај нас се случи уште во деведесетите години од минатиот век со ТАТ. Вложувате минимален износ и месечно добивате огромен износ, што е нереално и на тој начин тие имаат можност ваквите состојби да ги пријавуваат, вели Пивоваров.
Професорот објаснува дека со тоа што ќе пријават на бројот 112 може во секое време да добијат одговор и да се јават на содветната институција.
– А од друга страна страна службите имаат можност да превенираат и да следат врз основа на дојава од самите оштетени лица, а вториот начин е директно да следат што се случува со тие такви кол центри, вели Пивоваров.
За тоа дали Македонија станува база за вакви меѓународни измами, разузнавачот вели дека прво треба да се зборува за свеста кај на самите граѓани.
-Немаме никаква едукација за ваквите проблеми и затоа луѓето во потрага по брза заработувачка влегуваат во вакви несериозни инвестиции. Од друга страна пак службите не само да ја чекаат дојавата од оштетените мора превентивно и самите да работат на тоа да ги откриваат. Не само Македонија, туку секоја земја каде има можности такви межународни организации би направиле обид тоа да го прават, вели проф. Пивоваров.
Според него, главното прашање е дали оваа појава можела да се спречи во самиот зародиш и да има многу малку штета по граѓаните или се дозволило да има поголема штета и се интервенира дури тогаш со помош на меѓународн институци, како што се Интерпол и Европол, односно од нив добиле сознанија дека тоа се случува и кај нас.
-Како држава треба ние сами да ги откриваме, ние имаме интегритет и да си го чуваме својот интегитет, или народски кажано да си го чуваме образот дека сме способни сами да се штитиме, вели Пивоваров и додава дека безбедносните служби на државата мора да бидат пред самите појави.
-Треба ние да ги детектираме и ние да известуваме за да видат тие дека сме сериозна држава. Ако доаѓаат само информации од надвор дека нешто се случило кај нас, тоа покажува дека ние апсолутно немаме интегритет и чекаме од некој друг да ни дојави и да ни каже. Па зошто имаме такви служби!? Зошто од буџетот се плаќаат енормно големи износи!? Тука во прашање е и човечкиот фактор, додека бев во кругот на МВР таквите луѓе, од една страна, беа ниско наградени за тежината на својата работа, од една страна, а од друга страна секогаш треба да ја имаме најсовремената технологија која излегува на светскиот пазар за оваа проблематика. Ако каскаме во двата случаи и со финансии и со техника, апсолутно ние никого не може да се заштитиме, а најмалку самите себе, заклучи Пивоваров.
Основното јавно обвинителство (ОЈО ГОКК), преку Одделот за сузбивање на организиран криминал, зеде активно учество во голема меѓународна операција координирана од Европол и Европравда за разбивање транснационална мрежа за инвестициски измами. Според најновите детали објавени од Европол и соопштението на ОЈО ГОКК, криминалците користеле лажни платформи за тргување и измамнички кол-центри лоцирани во Македонија и регионот, преку кои оштетиле жртви за над 4 милиони евра.
Како што појаснуваат од Европол, измамниците користеле навидум легитимни платформи, ветувајќи огромни профити за краток период преку тргување со криптовалути, девизи и акции. Откако жртвите ќе уплателе помала сума, на екраните им биле прикажувани „напумпани“ лажни профити. Потоа, лажните брокери вршеле психолошки притисок врз нив да инвестираат уште поголеми суми. Кога жртвите ќе побарале да го повлечат својот профит, измамниците користеле разни тактики за одолговлекување, по што целосно исчезнувале.
Истрагата била иницирана уште во 2022 година, по пријава од германска брачна двојка која не можела да си ги повлече парите од ваква онлајн платформа. По претходните апсења во 2022 и 2025 година, оваа најнова координирана акција во повеќе земји резултираше со претреси на 17 локации (вклучително и кол-центар во Косово) и заплена на повеќе од 100 сервери и други електронски докази.
Е.Б.