
Две жени се здобиле со тешки повреди, а уште едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на патот меѓу селата Калуѓерица и Подареш, во радовишко. Полицијата утврдила дека возачот на автомобилот управувал под дејство на алкохол.
Несреќата била пријавена околу 2:40 часот во ОВР Радовиш. Според информациите од МВР, се судриле патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т. (51) од селото Ораовица, и трактор со приколка, кој го управувал Г.М. (56) од селото Подареш.
Во судирот тешко се повредени сопатничките во тракторот, Ф.И. (39) и А.И. (41), двете од Радовиш, додека Ѓ.И. (70) од Радовиш се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Полицискиот увид покажал дека возачот на автомобилот М.Т. управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
The post ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ТРАКТОР КАЈ РАДОВИШ Две жени завршија со потешки повреди, а еден маж со телесни appeared first on plusinfo.mk.