Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, побара одговорност од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради ограничувањето на повлекувањето средства од Алта банка, при што граѓаните можат да подигнуваат најмногу по 10.000 денари неделно.Во објава на социјалните мрежи, Петровска праша како граѓаните со такво ограничување ќе ги покриваат трошоците за лекување, кирија, сметки и храна, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои работеле и штеделе, верувајќи во банка со дозвола за работа.