
Унграскиот премиер Петер Маѓар објави вчера дека планира да го номинира поранешното шаховско чудо од дете Јудит Полгар за претседателка на земјата, откако тоа место остана празно со смената на Тамаш Шујок.
Маѓар на Фејсбук изјави дека денеска планира да се сретне со 49-годишната шахистка и дека се надева оти ќе му направи „голема чест“ и ќе ја прифати номинацијата за претседателка.
Претседателската функција е празна откако парламентот го смени Шујок, политички сојузник на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој ги загуби изборите во април.
Унгарскиот претседател го избира парламентот, каде што партијата на Маѓар, „Тиса“, има двотретинско мнозинство.
„Со децении името на Јудит Полгар е синоним за талент и упорност“, рече Маѓар. Тој додаде дека таа 26 години по ред била на врвот на светската ранг-листа за жени, а истовремено се наоѓала меѓу 10-те најдобри шахисти во светот во апсолутна категорија.
Полгар е повеќекратна освојувачка на златни медали на Шаховските олимпијади. Таа се повлече од натпреварувачкиот шах пред повеќе од една деценија, но остана активна во промоцијата на играта. Преку својата фондација, исто така, поддржува образование и еднакви можности.
Претходно таа нема извршувано никаква политичка функција.