Пет лица, две жени и тројца мажи, се удавија во реката Скиото во американската сојузна држава Охајо при обид да спасат човек кој почнал да се дави.

Трагедијата се случила кога еден од возрасните влегол да плива, а останатите еден по еден се обиделе да му помогнат и завршиле во водата.

Итните служби биле повикани откако едно од двете деца кои биле со групата запрело автомобил и побарало помош.

Телата на двете жени биле пронајдени истата вечер, додека тројцата мажи биле пронајдени следниот ден.

The post Пет лица се удавија при обид за спасување во река во Охајо appeared first on Скопско ЕХО.