Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска спроведоа претрес во дом и други простории во Скопје, при што беа пронајдени околу пет килограми марихуана.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот на С.Љ. (51) од Скопје.

При претресот полицијата пронашла пет килограми наркотична дрога марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Во рамки на акцијата, од слобода биле лишени С.Љ. (51) и неговиот син Б.Љ. (19).

По целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а постапката ќе се води по итна постапка.

The post ПЕТ КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНИ ВО СКОПЈЕ Уапсени татко и син по полициски претрес appeared first on plusinfo.mk.