Шеесет и седумгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била нападната и повредена со камења на подрачјето на Ѓорче Петров, откако се обидела со мобилен телефон да сними лице кое фрлало земја и камења на улица предвидена за асфалтирање.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 29 октомври, околу 16:40 часот. Жената најпрво го опоменала лицето поради неговото постапување, а потоа се обидела да го сними.

По ова, според пријавата, лицето почнало да фрла камења кон неа, при што ѝ нанело телесна повреда. Настанот бил пријавен во СВР Скопје истиот ден во 18:42 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.