Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека средствата кои Владата ги позајмила од неколку државни претпријатија ќе бидат искористени за отплата на кредит кон кинеска банка за изградба на автопатите.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не станува збор само за позајмица од Македонска навигација (М-НАВ), туку и за средства обезбедени од МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта.„Не се само од М-НАВ. Имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на