Спектакуларно беше отворањето на настапот на репрезентацијата на САД на Светското првенство 2026, откако домаќинот убедливо го совлада Парагвај со 4-1 пред преполниот стадион „Софи“ во Лос Анџелес.

Настанот не беше само спортски натпревар, туку и вистински спектакл кој ги собра најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, филмот и музиката, претворајќи го стадионот во глобална сцена на гламур и спорт.

На трибините, предводени од Том Круз и Дејвид Бекам, беа забележани бројни светски познати личности, меѓу кои Џорџ Лукас, Бред Пит, Хали Бери, Софија Вергара, Роб Лоу, Овен Вилсон, Винс Вон и Џејми Фокс.

 

Особено внимание привлече појавувањето на Парис Хилтон и Миа Калифа, кои со својот изглед и присуство буквално го „украдоа шоуто“ и станаа една од главните теми на вечерта.

Пред почетокот на натпреварот, публиката ја поздрави и актерот Џејсон Судекис, ѕвездата на серијата „Тед Ласо“ и официјален амбасадор на Мундијалот, кој доби громогласни овации.

 

Музичкиот дел од церемонијата го одбележа настапот на Кејти Пери, која во впечатлив сребрен костим испрати пораки за единство и глобална поврзаност. На сцената настапија и Фјучр, Тајла, Лиса, Анита и Рема.

Посебен впечаток остави изведбата на песната „Game Time“, проследена со кореографија со златни фудбалски топки, која ја крена атмосферата на стадионот на највисоко ниво.

The post 📽️ 📷 ПАРИС ХИЛТОН И МИА КАЛИФА ГО ЗАПАЛИЈА СТАДИОНОТ Победа на САД, но шоуто го украдоа Бекам, Том Круз… appeared first on plusinfo.mk.