Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион засега да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.

На седницата во Бусан, Јужна Кореја, Македонија доби дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација беше предводена од амбасадорот при УНЕСКО, Игор Николов, кој ја потврди посветеноста на државата за исполнување на обврските. Тој истакна дека Охридскиот регион е непроценливо природно и културно богатство со исклучителна универзална вредност.

Николов порача дека неговото зачувување е национална одговорност, но и обврска кон светското наследство и идните генерации.

Одлуката значи дека државата ќе мора во наредните пет години да покаже конкретен напредок во исполнувањето на препораките на УНЕСКО.

The post Охридскиот регион доби нов рок од УНЕСКО за спроведување на мерките за заштита appeared first on Скопско ЕХО.