Општина Карпош ги поканува сите граѓани да присуствуваат на Отворениот ден што ќе се одржи утре, 29 јули, од 13:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда.

На настанот, граѓаните ќе имаат можност директно да се сретнат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори, да постават прашања, да предложат идеи, да дадат предлози или да покренат иницијативи поврзани со функционирањето и развојот на општината.

Од локалната самоуправа посочуваат дека целта е да се поттикне непосредна комуникација со жителите и да се слушнат нивните потреби и предлози.

The post Отворен ден во Општина Карпош: Граѓаните ќе можат директно да ги изнесат своите проблеми appeared first on Скопско ЕХО.