На свечена церемонија во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди, духовниот водач на индиската борба за независност, во присуство на индиската претседателка Драупади Мурму, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажа дека вистината и ненасилството не се знаци на слабост, туку моќни инструменти за обезбедување правда, слобода и достоинство – рече Мурму.
Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека промената што сакаме да ја видиме во светот треба да започне токму од нас самите, а оваа желба за слобода е вековен идеал на индискиот, но и на македонскиот народ, нагласи Сиљановска-Давкова.
Градоначалникот на Скопје нагласи дека настанот има посебна симболика бидејќи се случува во Скопје, градот во кој е родена Света Мајка Тереза.
The post Откриена спомен-биста на Махатма Ганди во Скопје, симбол на пријателството со Индија appeared first on Скопско ЕХО.