
Тројца жители на Берово добија кривични пријави поради сомнение за злоупотреба на службената положба, пустошење шуми и кражба.
Според истрагата, во текот на минатата година бил организиран систем за нелегална сеча, при што дрвја исечени од државни парцели биле означувани како да потекнуваат од приватни имоти.
Во случајот, според полицијата, бил вклучен тогашниот директор на Шумското стопанство „Малешево“, кој давал насоки за обележување на дрвјата, а документацијата овозможувала дрвната маса легално да стигне до крајните купувачи.
При контрола во пилана во селото Владимирово, полицијата затекнала две лица како растовараат тракторски приколки со борови стебла за кои постои сомнение дека потекнуваат од незаконската сеча.
The post ОТКРИЕНА НЕЗАКОНСКА СЕЧА ВО МАЛЕШЕВО Кривични пријави за директор, шумар и сопственик на пилана appeared first on plusinfo.mk.