Осуммина заболени од западнонилска треска се лекуваат на Клиниката заинфективни болести, од кои кај еден пациент состојбата е потешка, додека другите се со полесна клиничка слика. Д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести за „Локално“ изјави дека петмина од заболените кои се лекуваат кај нив им е потврдено дека имаат западнонилска треска, додека за тројца се чекаат резултатите.

-Само еден пациент е со зафаќање на мозокот и во потешка состојба. Останатите се со полесна клиничка слика. Сите се на возраст над шеесет и над сеудмдесет години. Еден од нив бил, надвор од земјата додека другите се заразиле тука, изјави Цана.

Министерот за здравство, Сашо Клековски на денешната прес-конференција рече дека екипите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат направиле контрола дали општините направиле дезинсекција, бидејќи, покрај заболени од западнонилска треска има тројца заболени од денга, четворица од маларија и еден заболен од зика. Сите овие болести се векторпреносливи болести, односно ги пренесуваат комарци.

-Кај западнонилска треска има 8 осум случаи од кои два се од јуни, а останатите се во моментот…Случаите се од Велес и Скопје. Еден е поврзан со патување во Грција, другите се 60 до 70 плус , претпоставуваме дека се локални случаи. Во моментот до ДСЗИ контрола на дезинсекција во општините и спрема значајни општини се завршена програма со дезинсекција. Постапено е епидемиолошки кај седум од случаите. Извршено е дополнително дезинскеција на радиус од 200 метри на живеење што е стандардна епидемиолошка постапка. Еден одбил да се изврши во неговиот круг, рече Клековски.

-Влеговме во сезона на одмори и во период на поголеми темпертури. По две години немање случаи на маларија, годинава имаме четири случаи на маларија и сите се поврзани со Африка и Индискиот океан, поточно со Малдиви и Занзибар. Имаме и други случаи. Денга имаме три случаи, таа е поврзана со Малдиви и имаме еден случај на зика кој е исто така поврзан со Малдиви, додаде министерот за здравство.

Тој објасни дека зиката влјание на бремени жени, за денгата и хеморагична треска потребана е претпазливост, а маларијата може да заврши и смртоносно. Министерот ги повика луѓето што ќе патуваат во тропските предели да ги следат препораките од СЗО за потребата од вакцинција и профилакса . Тој првично рече дека во центрите за јавно здравје ги има соодветните препораки и профилакса, но на новинарско прашање потоа кажа дека проверуваат дали и колку има профилакса за маларија.

-За маларија правиме анализа колку од лековите се достапни има широка достпани од групите на антибиотици. Другите кои се поспецифични за третман во моментот точно е дека ги нема во моментот на пазар, оти последните две години немаше случаи на маларија и се предмет на интервентни увози и се работи на тоа и ќе бидат наскоро достапни, истакна Клековски.

Првиот човек во ресорот здравство посочи дека ги предупредиле матичните лекари во анамнезата да стават дали заболените патувале во Африка и Индискиот Океан, бидејќи навременото откривање на овие болести е клучно за нивно успешно лекување.

-Пациентите со маларија, денга и зика се туристи, така што се фамилии засегнати и се во средна доба. Сакам да ја подигнам свеста. Важно е луѓето и докторите да се свесни и навреме да се откријат и сите се третираат, изјави Клековски.

Е.Б.