Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, петмина од приведените управувале возило без возачка дозвола. Од нив, четворица биле затекнати на подрачјето на Скопје, а еден во селото Горно Јаболчиште во општина Чашка.Покрај тоа, тројца возачи биле приведени бидејќи управувале возила под дејство на алкохол. Станува збор за возачи затекнати во Прилеп, Валандово и Кавадарци.Од Министерството информираат дека по целосно документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Воедно, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, во време на изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
Најново
Македонија
Локално
Свет
Хроника
Образование
Фудбал
Ракомет
Авто-мото
Софтвер
Сајбер безбедност
Авто-мото
Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол
Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, петмина од приведените управувале возило без возачка дозвола. Од нив, четворица биле затекнати на подрачјето на Скопје, а еден во селото Горно Јаболчиште во општина Чашка.Покрај тоа, тројца возачи биле приведени бидејќи управувале возила под дејство на алкохол. Станува збор за возачи затекнати в...