
Некои руски региони сè уште имаат проблеми со снабдувањето со гориво, а ситуацијата е најтешка во делови од Сибир, објавија денес новинските агенции, цитирајќи го рускиот вицепремиер Александар Новак.
Властите воведоа низа мерки за поддршка на домашниот пазар на гориво откако честите напади со беспилотни летала врз рафинериите за нафта во Украина предизвикаа недостиг на бензин и нагло зголемување на цените.
Новак, највисокиот руски функционер за енергетика, им изјави на новинарите дека условите постепено се стабилизираат, но дека ситуацијата останува доста тешка во некои региони, особено во Сибир.
-Забраната за извоз на бензин ќе биде продолжена до крајот на годината, додека забраната за извоз на дизел ќе биде укината кога пазарот ќе се опорави, го цитираше Новак Интерфакс.
-Доколку е потребно, Казахстан би можел да испорача вишок нафтени производи на Русија, рече Новак.
Казахстан го извезе својот прв товар бензин во Русија во јули, испорачувајќи околу 1.000 метрички тони во централен руски регион, соопштија извори од индустријата овој месец.