„Нема покорумпиран претседател и систем во светот, мислам дека може да се споредува со египетските фараони, релативно споредено. Ова ниво на корупција и пљачка и тоа ова што го знаат. Каков Вучиќ? Вучиќ за него е…Не само во апсолутни цифри бидејќи ваму во прашање се стотици милијарди. Илон Маск е преплашен, ако е паметен. Бидејќи и он е помалку психопат, не сум сигурен колку разбира што го чека“, рече новинарот Сашо Ордановски за изборите во САД и фактот дека Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ги загуби мнозинствата и во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Ордановски во емисијата „Вин-вин“ вели дека не очекува Демократите да тргнат во импичмент на Трамп туку ќе направат импичмент на сите околу него.

-Тоа е како Мицкоски кога би се трудел да го турне Филипче. Зошто кога супер му е со Филипче во СДСМ…Така е за Демократите. Трамп произведува толку многу гласови на страна на нив, што би било крајно будалесто сега да се бават со негов импичмент. Не само затоа што овој е една личност која е заљубена во тоа да биде центар на медиумското внимание, а отповикувањето ќе му даде неброени саати на телевизија. Тоа е еден од највештите политичари во историјата на политиката…, рече новинарот.