
Лидерот на опозицијата во Унгарија, Виктор Орбан зборувал за драматичните настани во Варшава и отворено го обвинил полскиот премиер Доналд Туск за обид за државен удар и грубо кршење на највисокиот правен акт во земјата.
– Она што го видовме вчера во Варшава беше флагрантно кршење на полскиот Устав. Никогаш не помислив дека Доналд Туск ќе се спушти толку ниско за да изврши државен удар против сопствениот народ. Искрено се надевам дека претседателот Навроцки ќе успее во своите напори да го одржи уставниот поредок на Полска. Нашите срца се со полскиот народ, објави Орбан на мрежата „Х“.
Полска влезе во длабока уставна и политичка криза поради судирот меѓу проевропската либерална влада на премиерот Доналд Туск и десничарскиот конзервативен претседател Карол Навроцки.
Пред неколку дена, владејачката коалиција објави покренување на постапката за импичмент на претседателот Навроцки, за што е потребна поддршка од Уставниот суд. Сепак, на чело на таа институција е Богдан Свјончковски, кој се смета за поддржувач на претседателот на земјата.
Ситуацијата кулминираше кога властите се обидоа да ги отстранат Свјончковски и неговиот заменик, по што на веб-страницата на Уставниот суд се појавија спорни информации за нивно суспендирање. Уставниот суд веднаш реагираше, велејќи дека станува збор за лажни информации и за директен обид за државен удар.
Во меѓувреме, Ана Корвин-Пјотровска се прогласи за нова претседателка на судот и им забрани на сите да влезат во зградата, вклучително и на шефот на државата.
Поради овие настани, претседателот Навроцки итно го откажа својот официјален лет за Сенегал и се врати во полската престолнина, по што околу три часот наутро упадна во зградата на Уставниот суд во придружба на лично обезбедување.
Потезите на владата на Туск предизвикаа остра реакција од конзервативниот дел од полската јавност и елита, што доведе до масовни протести на улиците.