Мерките и политиките на надлежните органи и на единиците на локалната самоуправа ЕЛС не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година.

Според наодите, во периодот 2020–2024 година општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека отпишале побарувања во вредност од 233,9 милиони денари. Најголем дел од ненаплатените средства се од данок на имот – 1,73 милијарди денари, од кои 67 проценти се постари од пет години, што, според ревизорите, укажува на слаб фискален напор.

Ревизорите предупредуваат на недостатоци во законската регулатива, недоволни човечки ресурси но и инспекциски надзор, односно во целата држава има само еден инспектор од УЈП задолжен за оваа област и 16 даночни инспектори во општините, кои немаат овластување да изрекуваат глоби.

The post Општините неефикасни со ненаплатени даноци и такси во вредност од милијарди денари, велат од ДЗР appeared first on Прва Скопска ТВ.