Општина Прилеп соопшти дека во заедничка хуманитарна акција, организирана со поддршка на граѓаните, Црвениот крст – ОО Прилеп, општествено одговорни компании, здруженија, институции, политички субјекти и бројни хумани луѓе, биле собрани и испратени повеќе од 6.000 литри флаширана вода за граѓаните на Гостивар. Од Општината истакнуваат дека акцијата е пример за солидарност и заедништво, нагласувајќи дека Прилеп уште еднаш ја покажал својата подготвеност да помогне кога е најпотребно. „Во моменти на предизвик, нашиот град повторно докажа дека знае да биде рамо за поддршка, да сплоти и да делува заеднички“, наведуваат од Општина Прилеп. Воедно, упатена е благодарност до сите граѓани, организации и компании кои донирале, учествувале во организацијата и дале личен придонес за успешната реализација на хуманитарната акција.

The post Општина Прилеп: Успешно реализирана акцијата за помош на Гостивар appeared first on Politika.