Советот на Општина Ѓорче Петров на вонредна седница донесе одлуки за формирање Комисија за процена на штети и доделување хуманитарна помош во износ од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење.
Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија – информираа од прес-службата на Општина Ѓорче Петров.
Со овие одлуки, како што посочуваат, Општина Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон навремено справување со последиците од природните непогоди на својата територија, но и кон меѓусебната солидарност и поддршка кога граѓаните во другите општини се соочуваат со сериозни предизвици.
The post Општина Ѓорче Петров ќе донира 300.000 денари за Општина Гостивар appeared first on Прва Скопска ТВ.